Добредојдовте

Последни новости

Согласно здравствените препораки, “Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје
Согласно здравствените препораки, “Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, сè уште е затворен за посета. Во интерес на заинтересираните посетители, овозможуваме една кратка виртуелна тура низ истиот. Тумба Маџари од 2008 год. е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички…
Неолитското село има понуда, ама нема посетители

Учениците најчести гости во Тумба Маџари, за туристите треба подобра организација Приказната за градот Скопје секогаш треба да почнува од локалитетот Тумба Маџари, каде што се наоѓа неолитското село, сведок дека уште во неолитското време на овој простор живееле и твореле луѓе, вели Елена Стојанова-Kанзурова, археолог, виш кустос за неолит…
Изложба на работни археолошки фотографии – Archaeology in progress – vol.2
Одржана манифестацијата „Големата Мајка“

Во Музејот Неолитско село на археолошкиот локалитет Тумба Маџари, по четврти пат се одржа манифестацијата „Големата Мајка“организираше општина Гази Баба. Манифестацијата пред многубројната публика, ја отвори градоначалникот Тони Трајковски, кој ја истакна важноста на мајката, нејзиното значение за домот, семејството и животот во заедницата, всадени во корените на македонскиот народ,…
Ќе се доуредува археолошкото село во Тумба Маџари

УЧИЛНИЦА ЗА НЕОЛИТ ВО ТУМБА МАЏАРИ Доколку има заинтересирани, до неолитското село може да се пушти и панорамски автобус за туристичко разгледување на локалитетот Во неолитското село Тумба Маџари наскоро ќе се опреми училница. Таа треба да добие клупи и маси во стилот на младото камено време. Ќе биде поставен…
Археолошки истражувања 2013

Деновиве заврши археолошкиот проект -Истражувања на неолитската населба во Тумба, Маџари – како дел од годишната програма на НУ Музеј на Македонија и финансиски подржан од Министерството за култура на Р . Македонија. Следува анализа на движниот археолошки материјал и финализирање на соодветната документација.
Тумба Маџари спие наместо да врие од туристи

Искосена зелена трева, неколку неолитски куќички како кутичиња „скоцкани“ во ограден простор од трска во скопската населба Ченто, веднаш зад СОС Детското село. До влезот на познатиот локалитет Тумба Маџари од 6 милениум пред новата ера се стигнува по асфалтиран пат. Се разбира, станува збор за урбанизирано населено место во…
Санација и конзервација на копиите на керамичките предмети во Неолитското село

Во првата половина на јули, 2013 год. во Музејот под отворено небо, Неолитското село како дел од археолошкиот локалитет Тумба Маџари се санираа и конзервираа копиите на керамичките предмети изложени во неолитските куќи. Предметите најпрво беа исчистени и премачкани со силиконски слој за заштита од влага. Повеќе оштетените копии се…
Манифестацијата “Големата Мајка”

На Археолошкиот локалитет Тумба Маџари, односно во Неолитското село на 19.05.2013 год. се одржа манифестацијата “Големата Мајка”. Општина Гази Баба традиционално по третти пат оваа година, преку манифестацијата го прославува и меѓународниот ден на мајката, нашата родилка, нашиот извор на постоење, која се одбележува во месец мај. На манифестацијата присуствуваа,…
„Тумба Маџари“ ја прослави третата годишница
Денеска на Археолошкиот локалитет –Тумба Маџари беше одржана пригодна свеченост со цел одбележување годишница од поставувањето на Отворениот музеј Денеска на Археолошкиот локалитет –Тумба Маџари беше одржана пригодна свеченост со цел одбележување годишница од поставувањето на Отворениот музеј. Локалитетот го претставува начинот на кој бил организиран животот во времето на…