Денот на дрвото

Денот на дрвото – 13-ти Ноември учесниците во археолошкиот проект “Реконструкција на Неолитското село Тумба Маџари” го одбележаа со садење на зимзелени и друг вид на дрвја. Садниците ги донираше градот Скопје и во оваа прилика изразуваме благодарност до вработените кои несебично ја помогнаа нашата иницијатива за облагородување на слободниот простор во Неолиткото село. Облагородувањето на просторот со соедветно зеленило ќе продолжи и во блиска иднина со што Неолитското село ќе се издвои како посебна целина во однос на локалната урбана средина.



Comments are closed