Електрификација на Неолитското село

Деновиве Општина Гази Баба го поврза Музејот под отворено небо-Неолитското село Тумба Маџари со електрична енергија. Покрај западната ограда на музејот поставени се рефлектори со што се создадоа услови за одржување на разни ноќни културни манифестации во согласност со Правилникот на НУ Музеј на Македонија.

Авторите на Музејот под отворено небо-Неолитското село Тумба Маџари, изразуват голема благодарност до Општина Гази Баба. Соработката меѓу Општина Гази Баба и НУ Музеј на Македонија е успешен пример за взаемна грижа на локалната и централната власт за културното наследство на Република Македонија.

Comments are closed