Започна реконстукцијата на неолитското село

Во последната недела на август на локалитетот Тумба Маџари продолжи реализацијата на проектот Реконструкција на неолитското село. Годинава, според предвидената динамика на реализација и добиените финансии ќе се изградат 2 куќи и помошни објекти наменети за посетителите. Објектите се градат со оригинален градежен материјал (глина, дрва, трска, ржаница, слама) во духот и стилот на архитектурата на младото камено време-неолитот. Во една од куќите, куќа 1, во копии ќе се постави дел од откриениот оригинален инвентар (луксузна и куќна керамика, печки и фигури на луѓе облечни во неолитска облека).

Во меѓувреме општина Гази Баба го огради локалитет и работи на изградба на улица и паркинг до локалитетот во близина на комплексот Детско село.

 

Comments are closed