Издградба на четвртиот објект – училница

Археолошкиот проект Реконструкција на Неолитското село Тумба Маџари од оправдани (финансиски) причини продолжи во септември 2009 год. со изградба на четвртиот објект – училница. Во овој објект со димензии 12 х 6 м ќе се врши едукативна и музеолошка активност. Надворешниот изглед на овој објект ќе се изгради по примерот на веќе постоечките куќи во Неолитското село со што целосно ќе се вклопи во амбиентот на локалитетот.

Во меѓувреме се поставени 4 нови човечки кукли во постоечките куќи изработени од гипс. Изградено е и трло но за жал праисториските домашни животни кои се дел од амбиентот на селото сеуше се во фаза на изработка.

Неолитското село ќе биде отворено за посети секој ден од:

ПОНЕДЕЛНИК – ЧЕТВРТОК 07:00 – 14:00
ПЕТОК – 07:00 – 18:30
САБОТА – НЕДЕЛА – 11:30 – 18:30

Comments are closed