Истражувања 2009

Во мај започнаа археолошките истражувања на лок. Тумба Маџари. Истите се дел од програмата за музеологија на НУ Музеј на Македонија предвидени за 2009 год и финансиски подржани од Министерството за култура на Р. Македонија. Систематските истражувања се продолжение на истражувањата од 2007 и 2008 год. Целта на новите истражувања е утврдување и проучување на вертикалната стратиграфија востановена во првите археолошки истражувања на овој неолитски археолошки локалитет.

Comments are closed