Манифестацијата “Големата Мајка”

На Археолошкиот локалитет Тумба Маџари, односно во Неолитското село на 19.05.2013 год. се одржа манифестацијата “Големата Мајка”. Општина Гази Баба традиционално по третти пат оваа година, преку манифестацијата го прославува и меѓународниот ден на мајката, нашата родилка, нашиот извор на постоење, која се одбележува во месец мај.

На манифестацијата присуствуваа, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, членовите на Советот на Општина Гази Баба и гости, а пред присутните накратко се обрати градоначалникот Тони Трајковски. Матичната институција, НУ Музеј на Македонија како домаќин на манифестацијата, ја претстави м-р Елена С. Канзурова со осврт кон значењето на локалитетот и историјатот на основањето и развивањето на Неолитското село.

Со свои уметнички изведби се претставија членовите од Музичко – балетскиот училишен центар “Илија Николовски Луј, квартетот Пламенка Трајковска и песни за мајката читаа Петко Костовски и Жаклина Ангелеска. За време на манифестацијата, учениците од основните училишта, Наум Наумовски-Борче, Дане Крапчев, Крсте Мисирков и 25 Мај, твореа ликовни творби инспирирани од Неолитскто село и мајката од кои подоцна направија мини изложба.





Comments are closed