Меѓу археолошкиот движен материјал кој се состои од фрагменти керамика, предмети од коска и камен се издвојува и една пинтадера која веројатно е поврзана со дејноста која се одвивала во овој комплекс. Пинтадерата е декоративен печат т.е. алатка за правење декорација, изработена од глина.
Пинтадерата со конусна држалка и издолжено заоблено стапало, декорирано со една длабока врежана брановидна линија.
Се издвојува и еден жртвеник за кој исто така веруваме дека можеби е и модел т.е. прототип на истите откриени објектите со засега непозната функција.