Проект “Неолитско село”

Во Македонија и во Скопје има малку археолошки локалитети кои со своето значење и местоположба се достапни на јавноста. Неолитската населба Тумба Маџари во општината Гази Баба во Скопје, е археолошки локалитет кој со своето научно и културно значење и местоположба, има услови да стане достапно на јавноста за неколку цели- научни, едукативни и туристички.

Музејот на Македонија во соработка на Министерството за култура и општина Гази Баба планира на неолитската населба Тумба Маџари го подготви и презентира проектот “Неолитско село”.

За оваа година, 2008 год. покрај археолошките истражувања, во рамките на финансиската програма е предвидена и реконструкција на една неолитска куќа. Паралелно со ова ќе се обнови и оградата околу локалитетот која е девастирана во изминатите години; подигање на мала барака со времен карактер за потребите на археолошката екипа; поставување на информациски табли за лесно наоѓање на локалитетот.

Comments are closed