Пронајден редок амулет

Во текот на овогодишните археолошки истражувања на локалитетот Тумба Маџари, во новоотворениот КВ. Ф2 е откриен редок амулет. Амулетот е со должина од 7,5 см. Изработен е од коска со дупче на главата за закачување. Веројатно е изработен од рог на млад елен. Дополнителните лабораториски испитувања ќе докажат од кој вид на животно е изработен. Самиот за себе е врвна уметничка творба на непознатиот неолитски мајстор. Според личната перцепција на него можат да се препознаат разни животински форми.

Истиот е откриен на нивото и просторот кој засега го нарекуваме занаетчиски комплекс. Системите на поврзани објекти со квадратна и кружна форма, печките и огништата, откриени минатата година како и оваа година се дел од некаков занаетчиски комплекс на населбата кој хронолошки се врзува со вториот културен хоризонт (5800 -5200 год. пред н.е).

Засега сеуште не знаеме каква дејност се одвивала во овој простор.

Comments are closed