Пуштен е спотот “Археолошки рај”

Деновиве во медиумите е пуштен спотот “Археолошки рај”, кој е дел од серијалот “Македонија Вечна” за културна и туристичка промоција на Македонија. Во делот за презентација на животот во Неолитот се користени дел од движниот инвентар од куќите во Неолитското село. Свое стручно и техничко учество за реализација на спотот даде дел од тимот за реконструкција на неолитското село. Спотот е финансиран од Министерствотот за култура под режија на Милчо Манчевски.




Comments are closed