Реконструкција на Неолитското село Тумба Маџари (втора фаза)

Во втората половина на јуни 2009 год. започна реализацијата на втората фаза од археолошкиот проект Реконструкција на Неолитското село Тумба Маџари. Проектот е финансиран од страна на Министерството за култура на Р. Македонија. Согласно со архитектонскиот план и конзерваторското одобрение од страна на УЗКН годинава се предвидени изградба на две куќи по принципот на претходните две куќи од 2008 год. Во тек е изработката на инвентарот и човечките кукли кои се дел од содржините на куќите. Според планот ќе се изработи и мини фарма со неколку праисториски домашни животни и мочуриште со што ќе се долови дел од природното опкружување и секојдневие на нашите претци од времето на неолитот.

Според предвидената динамика согласно со финансиите проектот ќе се заврши во септември кога е и предвидена и мала промоција.

Во овој период Неолитското село е отворено секој ден од:
Понеделник-Четврток 06:00-13:00 часот
Петок – Недела 06:00-19:30 часот

Comments are closed