Саем на ЗЕЛС, 2009 год.

Во рамките на саемот на ЗЕЛС кој се одржа на 25 и 26 ноември 2009 год. општина Гази Баба го промовира Неолитското село Тумба Маџари. За оваа намена дел од тимот кој учества во реконструкцијата на населбата во Тумба Маџари изгради мала неолитска куќа со ограда. Во куќата се поставени дел од инвентарот и моделите на плетачка и грнчарка од куќите во Тумба Маџари. Во текот на отварањето две девојчиња облечни во облека од тоа време извршуваа активности на мелење на жито и изработка на садови од глина кои се дел од секојдневието на неолитскиот предок. Штандот на општина Гази Баба предизвика големо внимание кај посетителите и медиумите.



Comments are closed