Во првата половина на јули, 2013 год. во Музејот под отворено небо, Неолитското село како дел од археолошкиот локалитет Тумба Маџари се санираа и конзервираа копиите на керамичките предмети изложени во неолитските куќи. Предметите најпрво беа исчистени и премачкани со силиконски слој за заштита од влага. Повеќе оштетените копии се премачкаа со средство за фиксирање и консолидација на нивната површина. Паралелно со оваа активност се интервенираше и на заштита и делумно обновување на изложените модели на животни изработени од гипс.
Конзервацијата и санацијата на инвентарот како дел од редовните активности во Неолитското село ја изведе тим од Музејот на Македонија (времено ангажирани) под раководство на Елизабета Столиќ, дипломиран вајар и Дијана Јорданова, дипломиран вајар, Бојан Мисајловски и Наумовски Дончо, дипломиран археолог.