„Тумба Маџари“ ја прослави третата годишница

Денеска на Археолошкиот локалитет –Тумба Маџари беше одржана пригодна свеченост со цел одбележување годишница од поставувањето на Отворениот музеј

Денеска на Археолошкиот локалитет –Тумба Маџари беше одржана пригодна свеченост со цел одбележување годишница од поставувањето на Отворениот музеј. Локалитетот го претставува начинот на кој бил организиран животот во времето на Неолитот. Овој период датира од пред осум милениуми односно 6 илјади години пред ХРИСТА.

Тогаш бил развиен култот на таканаречената Голема Мајка, која била половина жена а половина божица. На свеченоста присуствуваше градоначалникот на Скопје Коце Трајановски како и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски кој во оваа апригода нагласи дека жената и нејзината улога на мајка се потенцирале уште од дамнешни времиња и дека ние, овие генерации само сме продолжувачи на потенцирањето на улогата на мајката.

Објавено од: Канал 5

Comments are closed