Јавна благодарност до општина Гази Баба

По завршувањето на археолошките истражувања на неолитската населба Тумба Маџари во првата половина на јули, започна втората фаза од проектот “Археолошки истражувања и реконструкција на неолитска куќа во Тумба Маџари”.

Имено деновиве со механизација ангажирана од страна на Општина Гази Баба е дислоцирано 1000 кубика земја и градежен шут наслојуван во изминативе 16 години на неолитскиот локалитет Тумба Маџари. На овој начин приближно му се врати првобитниот изглед на овој раритетн локалитет од младото камено време кој е споменик на културата на Македонија од почетокот на 80-те години на минатиот век. По ова следува оградување на локалитетот од страна на општина Гази Баба. Треба да се напомени дека за првпат локалитетот е ограден а со тоа и делумно заштитен во 1992 год. од страна на Музеј на Македонија. За жал непознати лица без чувство за сопственото културно наследсто и идентитет ја украдоа оградата и од тој период локалитетот постепено се претвора во депонија на локалното население.

2008-007-26 Оваа прилика ја користиме јавно да се заблагодариме за досегашниот ангажман на градоначалникот Гоце Трајановски и неговите соработници за разбирањето и подршката на културното наследство во својата општина кое е и богатство на Република Македонија.


Comments are closed