Ќе се доуредува археолошкото село во Тумба Маџари

УЧИЛНИЦА ЗА НЕОЛИТ ВО ТУМБА МАЏАРИ

Доколку има заинтересирани, до неолитското село може да се пушти и панорамски автобус за туристичко разгледување на локалитетот

Во неолитското село Тумба Маџари наскоро ќе се опреми училница.
Таа треба да добие клупи и маси во стилот на младото камено време.
Ќе биде поставен и проектор за прикажување документарни филмови за жи­во­тот во неолитот на сите заинтересирани посетители на археолошкиот ло­ка­ли­тет.
Од Археолошкиот музеј на Македонија велат дека очекуваат во текот на го­ди­на­ва да добијат пари од надлежните институции за конечно до­у­ре­ду­ва­ње на селото.
“Пот­реб­но е многу повеќе да се промовира овој археолошки локалитет, но за тоа требаат и пари. Се надеваме дека годинава ќе ги добиеме за да ја спа­си­ме иднината на Тумба Маџари. Кога ќе ја довршиме училницата, пот­реб­но е да се вработат и неколку археолози што ќе ги водат гостите во се­ло­то и ќе раскажуваат за значењето за локалитетот”, вели Елена Сто­ја­но­ва – Канзурова, археолог во Археолошкиот музеј на Македонија.
Кан­зу­ро­ва нагласи дека е потребо да се пушти и панорамски автобус до ло­ка­ли­те­тот, со цел да се привлечат повеќе гости.

“Се­га најредовни посетители ни се учениците, а за викенди доаѓаат и фа­ми­лии. Меѓутоа, кога ќе има превоз до селото, ќе има и повеќе по­се­ти­те­ли”, додаде Канзурова.
Од Министерство за култура кусо изјавија дека секоја година редовно обез­бе­ду­ва­ат пари за одржување на овој локалитет.
Ми­шо Николов, директор на јавното сообраќајно претпријатие “Скопје”, пак, вели дека доколку има заинтересирани туристи, може да се ор­га­ни­зи­ра тура и до овој локалитет.
“Ние имаме редовна туристичка тура низ центарот на Скопје, а доколку гос­ти­те сакаат да посетат други локалитети, им даваме автобус и, во своја ре­жи­ја, тие си прават тура. Тоа чини 6.500 денари за еден час”, рече Ни­ко­лов.
Тум­ба Маџари почна да се гради во 2008 година. Во населбата има четири
ку­ќи направени од дрвени колци и од гранки, обложени со дебел слој од кал и плева, а во нив има копии од оригинални предмети пронајдени со до­се­гаш­ни­те археолошки истражувања. Населбата е отворена за посети од втор­ник до петок, од 8 до 14 часот, а за викенд од 10 до 17:30 часот.
(М.Ѓ.)

Објавено од: Вест

Comments are closed