Category Archives: Новости
Археолошки истражувања 2013

Деновиве заврши археолошкиот проект -Истражувања на неолитската населба во Тумба, Маџари – како дел од годишната програма на НУ Музеј на Македонија и финансиски подржан од Министерството за култура на Р . Македонија. Следува анализа на движниот археолошки материјал и финализирање на соодветната документација.
Санација и конзервација на копиите на керамичките предмети во Неолитското село

Во првата половина на јули, 2013 год. во Музејот под отворено небо, Неолитското село како дел од археолошкиот локалитет Тумба Маџари се санираа и конзервираа копиите на керамичките предмети изложени во неолитските куќи. Предметите најпрво беа исчистени и премачкани со силиконски слој за заштита од влага. Повеќе оштетените копии се…
Манифестацијата “Големата Мајка”

На Археолошкиот локалитет Тумба Маџари, односно во Неолитското село на 19.05.2013 год. се одржа манифестацијата “Големата Мајка”. Општина Гази Баба традиционално по третти пат оваа година, преку манифестацијата го прославува и меѓународниот ден на мајката, нашата родилка, нашиот извор на постоење, која се одбележува во месец мај. На манифестацијата присуствуваа,…
Јавна благодарност до градоначалникот на град Скопје
На градоначалникот на град Скопје, г-динот Коце Трајановски, му изразуваме голема благодарност за личниот ангажман во довршувањето на градежните активности во Музејот под отворено небо – Неолитското село, на археолошкиот локалитет Тумба Маџари, Скопје започнати во 2008 год.
Археолошки истражувања 2012
Во тек е археолошкото истражување на неолитската населба во Тумба,Маџари кое е продолжение на систематските истражувања од изминатиот период. Оваа активност е дел од годишната програма на НУ Музеј на Македонија, а финансиските средства се обезбедени од Министерството за култура на Р. Македонија, регулирани преку програмата од национален интерес во…
Kултурна манифестација Големата Мајка
На 06.05.2012 год. во Неолитското село во Тумба Маџари по вторпат се одржа културната манифестација Големата Мајка. Оваа манифестација е организирана од градот Скопје и општина Гази Баба во соработка на НУ Музеј на Македонија. Годинава учесниците се претставија со свои текстови и размислувања посветени на економијата и културата на…
За проектот НОЌ НА ИСТРАЖУВАЧИТЕ 2011-09-27
Проектот Ноќ на истражувачите 2011 е заеднички проект на следните четири партнери: Универзитетот Св.Климент Охридски од Битола, претставуван од проф.д-р Златко Жоглев, Музејот на Македоннија од Скопје претставуван од Перо Јосифовски директор , Македонскиот одбор за меѓународна размена на студенти од техничките факултети ИАЕСТЕ-Локален комитет од Битола,претставуван од Дамир Емин,студент…
Ново работно време
Вторник – Петок 08:00 -14:00 часот Сабота 10:30 -17:30 часот Недела – 10:30 – 17:30 часот Понеделник и државните празници се неработни Влезот е бесплатен
Летно работно време
Вторник – Петок 08:00 -19:00 часот Сабота 10:30 -17:30 часот Недела – 10:30 – 17:30 часот Понеделник и државните празници се неработни Влезот е бесплатен