Kултурна манифестација Големата Мајка

На 06.05.2012 год. во Неолитското село во Тумба Маџари по вторпат се одржа културната манифестација Големата Мајка. Оваа манифестација е организирана од градот Скопје и општина Гази Баба во соработка на НУ Музеј на Македонија. Годинава учесниците се претставија со свои текстови и размислувања посветени на економијата и културата на најстарите претци. Особено изненадување приредија учениците од неколку училишта од општина Гази Баба кои инспирани од Неолитското село се претставија со свои ликовни творби кои ги изработуваа во текот на манифестацијата. Пријатната атмосфера ја збогатија инструменталните и вокални изведби на познатата музичка група Синтезис. Манифестацијата ја отворија градоначалникот на град Скопје, г-динот Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, г-динот Тони Трајковски во присуство на министерката за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска.

Comments are closed