Oткриен атрактивен ѓердан составен од 19 монистри

Археолошките откритија на накит сеуште се ретки на нашите наоѓалишта од младото камено време.

Деновиве на локалитетот Тумба Маџари е откриен атрактивен ѓердан составен од 19 монистри. Монистрите се изработени од различни камени суровини, а две од нив се изработени и од животинска коска. Дополнителните стручни анализи на монистрите ќе докажат прецизно од каков вид суровина се изработени. Поголемиот дел од нив се со издолжена биконусна форма, а останатите се со кружна форма. Должината на најголемите монистри е до 1,8 см а на најмалите до 4 мм.

Comments are closed